Сараево, 28 септември 2015 година – Економската активност во шесте земји на Југоисточна Европа (ЈИЕ6) забрзува и се очекува раст во просек од 1,8 проценти во 2015 година, споредено со само 0,3 проценти во 2014 година, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка. Приватните инвестиции станаа главен двигател на регионалниот раст земјите на ЈИЕ6.
Во извештајот се вели дека како изминува 2015 година, економскиот раст долж регионот е стимулиран од закрепнувањето во домашната побарувачка и развојот на глобалната еконмија.
South East Europe: Real GDP Growth in percent
Source: World Bank calculations based on data from national statistical offices. Note: *Weighted by PPP adjusted GDP. |
Највисоки стапки на раст проекирани во 2015 година се 3,4 проценти во Црна Гора и 3,2 проценти во Македонија; најниски се во Србија – 0,5 проценти. Иако заостануваат позади остатокот од земјите во регионот на ЈИЕ6, Србија и Босна и Херцеговина закрепнуваат побрзо од очекуваното, по поплавите од 2014 година.
Закрепнувањето поттикна создавање работни места и вработеноста долж регионот бавно се зголемува, додека Србија и Македонија бележат највисоки стапки на вработеност од средината на 2009-та. Сепак невработеноста останува главен структурен предизвик особено помеѓу младата популација. Стапката на невработеност кај младите во регионт се уште е многу висока и изнесува околу 45 проценти, што претставува огромни краткорочни и долгорочни економски трошоци , а исто така и социјални последици.
Последователно на ова, додека макроекономската стабилност е потребна за одржлив раст на приходот, тоа сепак не е доволно. Структурните проблеми како пазарот на труд, конкурентноста, јавните финансии, мора да бидат решени за да земјите во Југоисточна Европа можат да го забрзаат растот и да го рестартираат процесот на приближување кон ЕУ кој беше забавен од глобалната финансиска криза во 2008 година. Силно спроведување на реформите при што економијата ќе се одржува стабилна, ќе го обезбеди потребниот стимул за потенцијален раст. Агендата за структурни реформи треба да биде со повеќе аспекти: поттикнување на вработувањата преку отстранување на бариерите во формалните работни места, поддршка на инвестициите преку подобрување на управувањето и бизнис климата, и продлабочување на меѓународната интеграција и поврзаност. Исто така, потребно е јавните услуги и системот на социјална заштита да бидат поефикасни и поправични.
“Внимателно приоретизирање на економските политики е многу важно за управување со ризиците по економските перспективи за регионот” вели Галина Винчелете, програмски лидер и еден од авторите на РЕИ ЈИЕ. Потребни се одржливи реформи за да се обезбеди макрофинансиска одржливот, особено во затегнати финансиски услови, како и проширување на просторот за користење на фискалната политика за ублажување на идните шокови.”
Вниманието на креаторите на политики во регионот и ЕУ се насочи на предизивиците поврзани со зголемениот транзит на мигранти низ регионот. Земјите од Југоисточна Европа на зрел и сочувствителен начин одговорија на предизвиците поврзани со бегалците кои транзитираат низ регионот. Важен дел од политичкиот предизвик за ЕУ и владите од регионов е управувњето со хуманитарниот одговор, а истовремено да се фокусираат на тоа како да ги избегнат прекините на регионалната трговија, посебно поради тоа што земјите од Југоисточна Европа се дел од производствените мрежи кои завршуваат во западна Европа.
Гледајќи нанапред, тековниот проток на бегалци може исто така да влијае врз потенцијалот за миграција кон надвор, односно од ЈИЕ6 кон земјите членки на ЕУ, што би имало важни импликации за пазарот на трудот и дознаките дома. Ова создава поттик за земјите на Југосточна Европа да преземат политички мерки за да го ублажат негативното влијание од тековните демографски трансформации во нивните земји, посебно стареењето и намалувањето на нивната популација.
“Создавање поттик за поголемо учество на работната сила, инвестирање во човечки капитал, намалување на трендот на голема емиграција и создавање домашни можности за генерирање приходи ќе помогне во мотивирање на младите да останат или да се вратат од странство“, вели Елен Голдстин, директор на регионот за Југоисточна Европа при Светска банка ,“ со што ќе влијае не само врз предизвикот на стареење на популацијата, туку исто така и врз зголемување на квалитетот и квантитетот на човечкиот капитал на Балканот“.