Skip to Main Navigation
УДАРНА ТЕМА

Невработност на младите во Југоисточна Европа: Спречување на изгубена генерација

26 Мај 2014


Image


С.Т./Светска банка

НАЈВАЖНИ НАСТАНИ
  • Додека региoнот на Југоисточна Европа закрепнува од двојната рецесија, со ограничен раст од 2,2% во 2013 година, креаторите на политики во регионот продолжуваат со изнаоѓање начини да го зголемат растот и да го направат посеопфатен.
  • Високата невработеност, особено помеѓу младите, ги неутрализира главните двигатели на растот како што се извозот во Европската унија и странските директни инвестиции, на краток рок, и има потенцијал трајно да ја загрози првата генерација во регионот да порасне по транзицијата од комунизмот.
  • Најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ) нуди прелиминарни анализи и препораки за решавање на предизвикот со невработеноста кај младите, поставувајќи ја сцената за понатамошни анализи.

“Ние сме дел од генерација која стана рекордер во највисоката стапка на невработеност кај младите во Босна и Херцеговина...кои се причините за ваквата состојба и дали имаме шанса за нормален живот?“

  Одговарајќи на овие прашања, поставени во воведниот параграф од победничкиот есеј од неодамнешниот натпревар кој ја истражува невработеноста кај младите во Босна, претставува основа во градење подлога за економско закрепнување – не само во Босна и Херцеговина, но исто така во сите шест земји од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Според шестиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ) објавен во мај 2014 година, растот во регионот се очекува да продолжи и во текот на 2014 и 2015 година, по скромниот раст од 2,2% во 2013.

И додека настани како скорешните поплави кои го преплавија регионот во средината на мај, несомнено ќе го забават идниот раст – особено во најтешко погодените подрачја на Босна и Херцеговина и Србија – главните двигатгели како извозот во Европската унија и странските директни инвестиции укажуваат кон продолжение на ограниченото закрепнување во регионот.

За да го продолжат растот, креаторите на политики и експерти во регионот го насочуваат своето внимание кон бројни фактори, кои продолжуваат да го попречуваат растот и спречуваат брзо закрепнување. Основно во тој процес е справување со високата невработеност, особено помеѓу младите од регионот, што продолжува да влијае врз потенцијалот за раст во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – шесте земји кои го сочинуваат регионот на ЈИЕ.



" Невработеноста кај младите останува сериозен извор за загриженост во регионот. Покрај влијанитето врз економскиот раст, постои вистински потенцијал за создавање на “изгубена генерација“. "

Галина Андронова Винчелете

главен економист во Групацијата Светска банка и главен автор на РЕИ ЈИЕ


Според последниот РЕИ ЈИЕ, земјите во регионот се борат да го трансформираат растот во креирање работни места, а околу 50% од работоспособното население моментално е надвор од работната сила. И додека луѓе од различна возраст и потекло се погодени од ваквата состојба, младите – оние помеѓу 18-25 годишна возраст – се најмногу погодени. Додека невработеноста во регионот во целина беше околу 24% во 2013 година, невработеноста помеѓу младите во просек изнесуваше околу 49% - со бројки кои достигнуваат до 55,3% во Косово и 62,8% во Босна и Херцеговина.

“Невработеноста кај младите останува сериозен извор за загриженост во регионот. Покрај влијанитето врз економскиот раст, постои вистински потенцијал за создавање на “изгубена генерација“, која може никогаш целосно да не закрепне од долгорочното влијание на сегашната состојба“, вели Галина Андронова Винчеленте, главен автор на РЕИ ЈИЕ и главен економист во Групацијата Светска банка.

 Најновиот РЕИ ЈИЕ забележува дека емпириското истражување предлага дека пролонгираната невработеност во почетокот на нечија кариера може засекогаш да ги намали идните приходи, да ги ослабне работните перспективи и да го одложи стекнувањето на вредни работни вештини. Понатаму, поради тоа што оваа генерација претставува прва генерација која е целосно образувана по паѓањето на комунистичките режими во регионот, неуспехот да се интегрираат младите во работната сила, значи дека земјите ќе ја пропуштат нивната најпродуктивна генерација до сега.

Овие темни предвидувања го преобликуваат политичкиот пејсаж во земјите од ЈИЕ и ги поттикнуваат владите од регионот да работат со Групацијата Светска банка, за да започнат со истражување  специфични, диференцирани политики кои подобро ќе можат да се справат соневработеноста кај младите. Прелиминарните анализи на овие теми, вклучени во најновиот РЕИ ЈИЕ преставуваат почетна проценка во оваа насока и поставуваат основа за понатамошна работа.

Оваа анализа покажува дека намалување на невработеноста кај младите ќе бара забрзување на економскиот раст базиран на подобрени вештини, подобро образование и ажурирани политики за пазарот на труд, како и пренесување на фокусот на образовните системи кон наука, технологија, инженерство.

Тековната анализа околу клучните причини за невработеност кај младите, изработена од од Групацијата Светска банка и нејзините регионални партнери ќе вложат значителни напори кон изнаоѓање решенија за генерацијата која е во опасност да биде изгубена.


Api
Api

Welcome