Со пријавувањето на овој конкурс ги задржувате авторските права, останувате сопственик на содржината и може да продолжите да ја користите по сопствена волја. Со поднесувањето на материјалот, учесниците изјавуваат дека содржината е оригинална, не била претходно објавувана и нејзиното испраќање не прекршува права на трети лица. Учесниците на Светска банка и даваат светска, постојана, неексклузивна, бесплатна лиценца да го копира, уредува, преведува, објавува и да го користи трудот, целосно или делумно, без претходен надоместок за учесникот. Се согласувате дека поднесената содржина може Светска банка да ја користи во печатени изданија или на интернет страници
(вклучувајќи https://www.worldbank.org/en/country/northmacedonia), во презентации или на канали на социјалните медиуми и може да биде копиран и објавуван од Светска банка во било која земја под услов да има соодветна назнака за авторот. Правата за уредување кога Светска банка ќе смета дека тоа е неопходно се резервирани иако учесниците ќе бидат целосно наведени.
Приватност: Учесниците се согласуваат да го дадат своето име, возраст, универзитет, студиска програма и електронска пошта за целите на водење на конкурсот, доделување на наградите и анализи на трендовите врз основа на збирните податоци од поднесените содржини. Овие информации ќе бидат споделени со вработените во Светска банка кои го водат конкурсот, со членовите на судиската комисија како и со вработените кои ќе ги анализираат збирните податоци за да ги утврдат трендовите. Личните податоци ќе бидат уништени согласно релевантниот Распоред на Групацијата Светска банка за задржување и ослободување на евиденцијата.
Учесниците се согласуваат дека нема да сторат ништо од следното:
- Навредуваат, злоупотребуваат, вршат насилство, демнат, се закануваат или на друг начин да ги прекршуваат законските права (како што се правата на приватност и јавност) на други лица.
- Објавуваат, постираат, дистрибуираат или пуштаат во промет навредливи, насилни, непристојни или незаконски материјали или информации.
- Аплоудираат или прикачуваат датотеки што содржат софтверски или друг материјал заштитен со законите за интелектуална сопственост (или со правата на приватност) освен ако учесникот е сопственик или ги контролира тие права или ги има добиено сите потребни согласности.
- Аплоудираат или прикачуваат датотеки што содржат вируси, корумпирани датотеки или друг сличен софтвер или програми што можат да го оштетат работењето на компјутер на друго лице.
- Бришат наведените автори, правни напомени или определувања на сопственоста или марките во било која датотека што ја аплоудираат.
- Фалсификуваат потеклото на изворот на софтвер или на друг материјал содржан во датотека што се аплоудира.
- Рекламираат или на друг начин да продаваат стоки и услуги или да спроведуваат или проследуваат истражувања, конкурси или верижни писма.
- Симнуваат датотека ставена од друг учесник за која учесникот знае или разумно би требало да знае дека не може законски да се дистрибуира на тој начин.