Bojana Naceva

Бојана Нацева

Виш специјалист за образование, Европа и централна Азија

Бојана Нацева работи како виш специјалист за образование, во Скопје, Македонија. Г-ѓа Нацева е специјализирана за образовниот сектор, прашања поврзани со половите, и социјални политики и социјален развој.

Г-ѓа Нацева работи на проекти поврзани со образованието, пазарот на труд и социјални политики во Македонија. Имено, таа е тим лидер на Проектот за условени парични трансфeри и Проектот за поддршка на развој на вештините и иновациите.

Г-ѓа Нацева, исто така, работи како член на тимот што обезбедува техничка помош на Фондот за Образование на Ромите за следење и евалуација и во тимот што обезбедува поддршка во имплементацијата на Проектот високо образование, истражување и иновациии за конкуретност во Црна Гора и во Србија на Инклузивно рано детско образование и заштита.

Бојана има завршено постдипломски студии на Филозофскиот факултет, Оддел за педагогија, при универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, од областа на екстерните оценувања , и исто така диплома од Факулетот за Филозофија, Оддел за педагогија, при универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

 


Контакт
tel : +389 2 3117 159
bnaceva@worldbank.org


ЕКСПЕРТИЗА
  • Образование
  • Родови прашања
  • Труд и социјална заштита
Welcome