Skip to Main Navigation

Македонија: учење во топли училници, без чад

12 Март 2014




Македонија: учење во топли училници, без чад

Марко Ристов е 12-годишен ученик од село Соколарци, кое се наоѓа на околу 100 километри од главниот град Скопје. Зоран Балевски е приватен претприемач од Скопје, кој покажува голем интерес за обновлива енергија, област од голем интерес и внимание во Македонија.

Иако двајцата не се познаваат, сепак претставуваат интегрален дел од напорите во користење на природните ресурси на земјата, и преку тоа, подобрување на животот на граѓаните.

Марко и неговите соученици во основното училиште Страшо Пинџур во Соколарци го паметат нивното училиште како загушливо, депресивно место, кое со доаѓање на зимата се претворало во фрижидер. Учениците мораа да се гужваат во една просторија и единственото загревање доаѓаше од печката на дрва, поставена во центарот на нивната училница. Учениците го дишеа чадот од дрвата и мораа во училница да носат дебели зимски палта.

Зачадени, смрзнувачки студени училници

Училиштето Страшо Пинџур не беше единствено. Училишните згради стари повеќе децении нудеа малку заштита од временските услови и ниските температури. Системите за греење во училиштата беа многу стари или скоро непостоечки. Греењето обично се изведуваше со печки на дрва, како во Соколарци, или застарени бојлери на гас, кои произведуваа малку топлина а чинеа многу пари.

Во исто време, ресурсите на обновлива енергија на земјата во голема мера беа неискористени. Инвестициите беа мали, па многу комерцијални банки беа претпазливи во инвестирањето во оваа сфера и инвестираа во други бизниси. 

Затоа, со помош од Светска банка, Владата на Р. Македонија се обидува истовремено да ги подобри условите во училиштата и да ги интензивира инвестициите во обновлива енергија. Иако релативно мал по обем, Грантот управуван од Светска банка од Глобалниот Фонд за животна средина (анг.), изнесуваше 5 милиони долари. Тој пристигна токму навреме за да се поттикнат пилот иницијативи насочени кон потврда на корисноста од сочувување на енергијата и користење на природните ресурси.

Училишта + Обновлива енергија

Во шест градови во земјата, работата е започната на 18 училишта и градинки. Работниците ги заменија старите прозорци со поефикасни, кои ја зачувуваат топлината. Исто така додадоа нова изолација на крововите и таваните. Стариот бојлерски и радијаторски систем беше заменет. Првата фаза од проектот бргу доведе до втората, во која беа реновирани дополнителни 23 училишта и градинки и беа направени да бидат енергетски поефикасни. Училниците станаа посветли и потопли. Дрвените печки и остриот мирис на изгорено дрво и гас станаа само спомен од минатото.

Овие подобрување исто така заштедија пари. Службениците велат дека мерките за енергетска ефикасност во текот на првата фаза од проектот би можеле да донесат заштеда од 14,000.00 евра по училиште, секоја година. Ова се пари кои во спротивно би требало да се платат од општинските буџети. Истовремено, Владата работи на национална програма за енергетска ефикасност која ќе ги опфати сите јавни згради во земјата.

Проектот исто така обезбеди почетни финансии за изградба на првата голема соларна фабрила во земјата. Овие финансии исто така ги охрабрија менаџерите на Банката Сосиете Женерал да помогнат во инвестирањет на обновливи енергии – што резултираше со изградба на Мега солар, фабрика која произведува чиста енергија од 200-те сончеви денови годишно во Македонија. И тоа не се. Светска банка работи на креирање фонд за дополнително финансирање на повеќе и поголеми проекти за енергетска ефикасност во Македонија. Тоа е првиот таков фонд на Балканот. 

МУЛТИМЕДИЈА

Image
14.000
евра по училиште носат мерките за енергетска ефикасност секоја година
Извор »


МАПА НА ПРОЕКТИ



Welcome