Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ3 Април 2023

Антонела Басани стапува на должноста потпретседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија

ВАШИНГТОН, 3 април 2023 година - Антонела Басани (Antonella Bassani) е новата потпретседателка за регионот на Европа и Централна Азија (EЦA), и од денес ќе ги предводи стратешките, аналитички и истражувачки активности на Светска банка.

Г-ѓа Басани, Италијанка по националност, претходно била потпретседатлка при Светска банка за буџет, преглед на резултатите и стратешко планирање. Пред тоа, таа била на должноста директор за стратегија и операции во два региона на Светска банка (Блискиот Исток и Северна Африка, како и Источна Азија и Пацификот), каде што била одговорна за стратешко управување и поддршка на регионалните тимови во изработка на стратегии, оперативни активности, флексибилно и иновативно финансирање и истражувачка работа. Г-ѓа Басани, исто така, била директор задолжена за мобилизирање на ресурси и управувала со надополнување на средства за Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Банката наменет за најсиромашните.

„Особено ми е драго што се придружувам на регионот на Европа и Централна Азија“, рече г-ѓа Басани. „Ги препознавам големите предизвици со кои се соочуваат нашите земји-клиенти, од зелена транзиција до енергетската безбедност и безбедноста на храната, особено по КОВИД пандемијата и во време на Руската инвазија на Украина. Со нетрпение очекувам да работам заедно со нашите владини соработници, со развојните партнери и со персоналот на Групацијата Светска банка во решавање на овие прашања “.

Басани на оваа позиција носи 30-годишно искуство во развојни активности. Покрај Источна Азија и Пацифик и Блискиот Исток и Северна Африка, таа исто така работела во Супсахарска Африка и Латинска Америка и Карибите, комбинирајќи го оперативното знаења и финансиска стручност од целата институција. Пред да се приклучи на Банката, Басани работела за ОЕЦД во Париз. Докторирала меѓународна економија на Универзитетот Џон Хопкинс.

За EЦA:

Светска банка работи со земјите во Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и промовирање на заедничкиот просперитет, преку зајакнување на човечкиот капитал, овозможување развој на пазарите, олеснување на зелената транзиција и градење и зајакнување на институциите. Во фискалната 2022 година, Светска банка одобри заеми во вредност од 8,5 милијарди долари за 47 оперативни активности во регионот, вклучувајќи 6,0 милијарди долари обврски од ИБРД и 2,5 милијарди долари обврски на ИДА.

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2023/084/ECA

Контакт

In Washington
Nicole Frost
+1 (202) 458-0511
For Broadcast Requests
David W. Young
+1 (202) 473-4691

Блогови

    loader image

НОВОСТИ

    loader image