Вашингтон, 2 април 2019 година – Според најновиот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан, насловен „Потребно е забрзување на реформите“, економскиот раст во земјите од Западен Балкан се искачи од 2,6 проценти во 2017 година на 3,8 во 2018 и во просек е предвиден да изнесува 3,7 во 2019- 20 година. Сепак, оваа предвидување е изложено на растечите надворешни и домашни ризици, вклучувајќи ги геополитичките и трговски спорови и поспоро од очекуваното темпо на структурни реформи.
Според извештајот, земјите од регионот сега имаат можност да ги забрзаат реформите за да ги ублажат овие ризици во услови на растечката јавна побарувачка за подобрени економски можности.
И покрај посилниот раст во 2018 година беа создадени помалку работни места во регионот, што се одрази на ограничена динамика во приватниот сектор. Само 96,000 работни места беа создадени во Западен Балкан во 2018 година, повеќето во индустријата и услугите, споредено со 171,200 работни места создадени во 2017 година. Невработеноста се намали во 2018 година, но остана висока, особено за жените и младите. Во некои земји, намалувањето на невработеноста произлезе од зголемената неактивност и емиграција, а не од новите работни места.
Реален раст на БДП, 2017 -2020 | ||||
| 2017 | 2018e | 2019f | 2020f |
Албанија | 3.8 | 4.2 | 3.8 | 3.6 |
Босна и Херцеговина | 3.2 | 3.0 | 3.4 | 3.9 |
Косово | 4.2 | 4.2 | 4.4 | 4.5 |
Северна Македонија | 0.2 | 2.7 | 2.9 | 3.2 |
Црна Гора | 4.7 | 4.4 | 2.9 | 2.4 |
Србија | 2.0 | 4.2 | 3.5 | 4.0 |
Западен Балкан | 2.6 | 3.8 | 3.5 | 3.8 |
Извор: Национални власти и проценки на Светска банка Notes: e = проценка; f=предвидување
„Креаторите на политики во регионот треба да имплементираат реформи кои ќе овозможат генерирање на одржлив развој кој поттикнува создавање работни места“, вели Линда Ван Гелдер, директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка.
„Брзо растечите компании креаираат најмногу работни места во Западен Балкан, но има малку такви компании, особено споредено со други мали транзициски економии во Европа. Отстранување на бариерите кои ги отежнуваат новите компании да се натпреваруваат и растат, ќе создаде можности за луѓето – поттикнување на претприемништвото и иновациите, поттикување на растот на работни места и отварање на потенцијалот на човечки капитал во овој динамичен регион“.
Извештајот истакнува дека во земјите во кои процесот на фискалната консолидација е напредна, нивниот јавен долг се намалува и дека е важно да се сочуваат тие придобивки. Јавниот долг останува висок во повеќето земји, а во јавната потрошувачка доминираат јавни плати и нетаргетирани социјални програми. Затоа, подобрување на ефикасноста и правичноста на јавната потрошувачка, како и зајакнување на даночната мобилизација останува приоритет за земјите од Западен Балкан.
Наспроти ова, според извештајот, од витално значење е земјите од Западен Балкан да ги забрзаат реформите за зголемување на продуктивноста, стимулирање на растот и создавање работни места. Извештајот разгледува можности за политики во областите како политики на конкуретност, даноци, разновидност на финансискиот сектор и економско поврзување.
Извештајот исто така, ги разгледува и предизвиците на човечки капитал во регионот. Ако земјите не се осврнат на нив, овие предизвици сериозно ќе ги ограничат изгледите за раст и намалување на сиромаштијата. На пример, инвестирањето во ран детски развој би помогнало во подобрување на резултатите во примарното и секундарно образование и ќе им овозможи на учениците вештини кои им се потребни на работодавците. Подобро насочени програми за социјална помош ќе помогнат во заштита од шокови на сиромашните и ранливи домаќинства. Поефикасен здравствен систем би помогнал во справување со порастот на неинфективни болести и намалување на трошоците за здравствени услуги.
Целиот извештај е достапен на следниот линк: https://www.worldbank.org/eca/wbrer/