Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 25 Септември 2018

Трудот, оданочувањето и социјалните политики мора бидат надградени за да се одговори на зголемената нееднаквост во регионот Европа и Централна Азија, вели Светската банка

ВАШИНГТОН, 25 септември 2018 - Политики за трудот, оданочувањето и социјалната заштита во земјите низ Европа и Централна Азија мора да се спроведат во 21-от век со цел справување со зголемената нееднаквост меѓу групите и да им помогнат на работниците да се соочат со зголемената неизвесност, се вели во новата студија на Светска банка.

Студијата Кон Нов Социјален Договор повикува на фундаментално преиспитување на политиките за олеснување на растечкиот јаз меѓу оние кои имаат корист од новите економски можности и оние кои се оставени назад во некогаш пофлексибилната економија.

"Иако земјите од регионот на Европа и Централна Азија имаат огромно искуство со институциите и програмите за социјална заштита, сепак истите беа дизајнирани за поинакво економско опкружување и тие веќе не ги даваат истите поволности за граѓаните како порано", вели Сирил  Милер, потпретседател на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија. "Долгорочната вработување повеќе не е норма, особено кај помладите луѓе, и ние треба да обезбедиме дека придобивките од растот и можностите ќе бидат подеднакво споделени".

И покрај тоа што регионот на Европа и Централна Азија е еден од наједнаквите региони кога се споредува на глобално ниво, многу граѓани сè уште не се соочуваат со нагорна мобилност, се чувствуваат заглавени во стапицата на нееднаквост и се поранливи од претходните генерации. Понатаму, намалувањето на финансиската и работната стабилност значи дека поголем дел од средната класа е ранлив кон запаѓање во сиромаштија - што доведе до намалена доверба во институциите, поголема поларизација и растечки популизам во општеството.

За да се справи со предизвиците, извештајот предлага сет од три принципи на политиките: движење кон еднаква заштита на сите работници, без оглед на нивниот вид на вработување; универзалност во обезбедувањето на социјална помош, социјално осигурување и основни квалитетни услуги; и поддршка на прогресивност во широка даночна основа која го надополнува оданочувањето на трудот со оданочување на капиталот.

"Кога ги прашуваме луѓето за нивната благосостојба, слушаме загриженост за зголемената нееднаквост и несигурноста. Овој извештај ги истражува причините за овие проблеми преку анализа на промените во распределбата на приходите во последниве децении ", вели Маурицио Бусоло, главен економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија и коавтор на извештајот. "Веруваме дека обидот да се запре глобализацијата или технологијата не е решение. Наместо тоа, потребен е нов социјален договор, со поправеден начин за споделување на ризици и можности, за да се зачуваат и прошират импресивните економски придобивки што регионот ги направи во изминатите децении ".

Извештајот идентификува четири типа на тензии помеѓу групите кои ја поткопуваат социјалната кохезија: разликите помеѓу младите и старите генерации; нееднаквост помеѓу работниците кои се занимаваат со различни занимања; нееднаков пристап до можности засновани на географија и нееднаквости врз основа на пол, етничка припадност, потекло и други фактори, наместо индивидуални напори или способности.

Признавајќи дека земјите од Европа и Централна Азија се разликуваат во многу аспекти, овој извештај ги нагласува политиките насочени кон намалување на тензиите преку заштита на сите работници, подобрување на социјалните услуги и создавање на поправични даночни системи.


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2019/ECA/16

Контакт

Вашингтон
Џон Македон
jmackedon@worldbank.org
Api
Api