Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 5 Септември 2018

За економски раст во Европа и Централна Азија неопходна е поврзаност, и тоа не само во однос на трговијата

Вашингтон, 5 септември 2018 - Меѓународната поврзаност преку трговијата, инвестициите, миграцијата, комуникациите и транспортот е од клучно значење за економскиот развој во Европа и Централна Азија. Со заедничко делување, тие врски им помогаат на компаниите да станат попродуктивни преку пренос на знаење и технологија, се истакнува во новиот извештај на Светската банка насловен Клучни врски: Промовирање на економски раст и отпорност во Европа и Централна Азија.

Извештајот го анализира влијанието на различни видови на поврзување врз растот, со цел да им помогне на креаторите на политики да искористат што е можно повеќе од овие врски за  економските придобивки низ целиот регион на Европа и Централна Азија.

„Овој извештај покажува дека поголема економска поврзаност доведува до ширење на знаењето и поголем раст на приходите за општествата, но уште повеќе за најсиромашните 40 проценти кои се на дното кога станува збор за распределбата на приходите“, вели Ханс Тимер, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија.

Новиот извештај на Светската банка ја мери поврзаноста преку воведување на нов индикатор, индекс за мултидимензионална поврзаност (MDC), кој опфаќа повеќе канали на меѓународни врски, вклучувајќи ги и: трговија, СДИ, миграција, информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) и транспортни врски.

Според извештајот, најдобро поврзани подрегиони на Европа и Централна Азија се Западна Европа, по што следуваат Северна, Централна и Јужна Европа. Западниот Балкан, Централна Азија и Јужен Кавказ имаат најниско ниво на севкупна поврзаност.

Извештајот, исто така, покажува дека придобивките од овие врски се градат едни со други, истакнувајќи ги придобивките што им се нудат на земјите преку пренос на знаења кои се подразбираат во регионалните синџири на набавки,како и знаења кои последователното се стекнуваат со практично искуство кои не е лесно преносливи од книги или упатства.

Во Европа, многу политики ги поддржуваат различните форми на поврзување што доведоа до развој на силни синџири на снабдување и ги отворија вратите за поголема продуктивност и раст. Во Централна Азија, наспроти се’ уште скромната поврзаност, инвестициите и политиките за подобрување на трговијата, инфраструктурата и интеграцијата придонесуваат до зголемување на врските помеѓу целиот регион и пошироко.

Индексот MDC укажува дека поврзаноста придонесува за речиси половина процент од годишниот раст на реалниот БДП во Европа и Централна Азија, при што кај најсиромашните 40 проценти кои остваруваат најнизок приход, се забележува зголемување од околу 1 отсто.

„Зголемената меѓународна интеграција го олеснува трансферот на технологии и идеи меѓу државите, компаниите и луѓето, што е од суштинско значење за поттикнување на долгорочен раст и заеднички просперитет", вели Дејвид Гулд, главен економист на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија,  и главен автор на извештајот. "Понатаму,како и кај социјалните мрежи, поврзаноста со добро поврзаните земји носи повеќе знаење и технологија отколку поврзувањето со изолирани партнери".

Во извештајот, исто така, се наведува дека зголемената поврзаност ги изложува земјите во регионот на ризик од економски шокови. Меѓутоа, преку обезбедување на алтернативни извори на надворешна побарувачка и финансирање, разновидните врски можат да ги намалат тие ризици и да им помогнат на земјите да управуваат како со домашните, така и со надворешните шокови.

Во извештајот се нагласува дека многу земји во регионот имаат изградено поголема поврзаност, унапредувајќи го економскиот развој во последните дваесет и пет години. Сепак, економските придобивки од поврзувањето преку пренос на знаење и технологија не се секогаш очигледни, додека предизвиците на економската несигурност обично се.

Со препознавање на предизвиците, како и јасно укажување на потенцијалните можности за поголема поврзаност преку разни канали, извештајот Клучни врски може да им помогне на креаторите на политиките во градење темели за продлабочување на важните врски во следните децении.


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2019/ECA/9

Контакт

Washington
John Mackedon
jmackedon@worldbank.org
Brussels
Oliver Joy
ojoy@worldbank.org
Api
Api