Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ 31 Октомври 2017

Doing Business 2018: Македонија и понатаму меѓу највисоко рангираните економии

Вашингтон, 31 октомври 2017 – Според најновото издание на извештајот Дуинг Бизнис на Групацијата Светска банка, кој одбележува 15- годишнина од своето постоење, економиите од регионот на Европа и Централна Азија продолжија со активни реформски програми со цел подобрување на нивните бизнис опкружувања, создавање работни места и  поттикнување на растот.

Објавен денес, Дуинг Бизнис 2018: Реформи за создавање работни места забележува 44 реформи во регионот во изминатата година, што доведува до вкупно 673 реформи спроведени во текот на изминатите 15 години.

Две економии од Европа и Централна Азија, Косово и Узбекистан се помеѓу земјите кои годинава глобално имаат најмногу подобрувања додека 13 од 24 економии во регионот се рангирани помеѓу првите 50 земји во глобалното рангирање на Дуинг Бизнис.

Реформите во изминатата година се спроведени главно во областите на Регистрација на сопственост (со осум реформи), добивање кредит (седум) и заштита на малцинските инвеститори (шест). На пример, Грузија ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори преку разјаснување на сопственичките и контролните структури.

Руската Федерација го олесни трансферот на сопственоста преку намалување на времето за аплицирање за државна регистрација на пренос на сопственоста. Реформите во Косово вклучуваат усвојување нови закони со цел подобрување во решавањето на несолветноста и подобрување на пристапот кон кредитирање. Узбекистан ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори преку зголемување на барањата за корпоративна транспаретност, додека Литванија го олесни пристапот до електрична енергија преку рационализација на процедурите и намалување на надоместоците за поврзување.

Турција не само што го зајакна пристапот до кредити преку усвојување нов закон за обезбедени трансакции, кој воспоставува единствен колатерален регистар и дозволува вонсудско спроведување на колатералот, но исто така го подобри својот систем за кредитно известување преку усојување нов закон за заштита на личните податоци. Украина го олесни добивањето градежни дозволи преку значително намалување на надометоците.

Други економии кои имплементираа реформи во изминатата година ги вклучува Казахстан (три реформи), Киргистан (една) и Таџикистан (две). Во Казахстан, на пример, спроведувањето на договорите се олесни преку воведување дополнителни временски стандарди за главните судски настани кои се почитувани во повеќето случаи. Реформата имплементирана во Киргистан го зајакна пристапот до кредити преку два нови декрети кои основаа единствен и модерен колатерален регистар и исто така, го подобри системот за кредитно известување  преку усвојување нов закон за размена на кредитните информации. Таџикистан го олесни започнувањето на бизнис преку зголемување на прагот на приходи за задолжителната регистрација на данокот на додадена вредност и отстрани постапка за да ја олесни регистрацијата на имотот.

„Економиите од Европа и Централна Азија и понатаму покажуваат силна реформска агенда“, рече Сантиаго Крочи Даунс, програмски менаџер на одделението Дуинг Бизнис. Како што се шири влијанието од овие реформи, многу е веројатно дека ќе видиме подинамичен приватен сектор кој ќе придонесе во зголемување на економскиот раст во регионот“.

Најдобро рангирани економии од регионот се Грузија (на 9-то место), Македонија (11-то) и Литванија (16-то место).

Економиите на Европа и Централна Азија  се најдобри во обласите Зашитита на малцинските инвеститори и Регистрација на сопственост во Дуинг бизнис. На пример, во просек потребни се 20 денови за пренос на сопственост на комерцијален имот, споредено со глобалниот просек од 49 денови.

Регионот продолжува да потфрла во областа Справување со градежни дозволи и добивање електрична енергија. Во просек, потребни се 168 денови за добивање градежна дозвола во регионот, споредено со 158 денови глобално. И на претприемач од регионот потребни му се 114 денови за да биде поврзан на електрична мрежа, споредено со глобалниот просек од 92 дена.

Најважни успеси на земјите од регионот на Европа и Централна Азија во текот на изминатите 15 години вклучуваат: 

  • Започнување бизниси и Плаќање даноци беа заедничики области на реформи, со 120 и 108 реформи соодветно
  • Пред 15 години, во просек беа потребни 43 дена за регистрација на нов бизнис во регионот, споредено со 10 дена сега. Тоа е половина од глобалниот просек, кој изнесува 20 дена. Грузија е најдобра економија во регионот во таа област, каде се потребни две процедури и два дена за регистрација на нов бизнис, споредено со девет процедури и 25 дена во 2003 година.
  • Грузија имплементирала најмногу реформи во изминатите 15 години – вкупно 47, а по неа следат Казахстан и Македонија, секоја со по 41 реформа.

И покрај пролонгираната политичка криза, Македонија и натаму е една од најдобро рангираните економии според олеснување на бизнисот“,  вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје. „Тоа е добра вест , но исто така важно е осврнување кон цела низа фактори и политики кои влијаат врз квалитетот на бизнис климата во една економија и конкуретноста, кои не се опфатени со Дуинг Бизнис, со цел земјата да ја достигне посакуваната цел за стабилни придобивки од продуктивноста и да привлече повеќе инвестиции“. 

Најважни успеси на Македонија во текот на изминатите 15 години вклучуваат: 

  • Македонија е единствена економија со средно-високо ниво на приходи помеѓу најдобрите 20 земји во севкупното рангирање на олеснување водење бизнис.
  • Македонија е на второ место по бројот на спроведени реформи, вкупно 41, помеѓу 20-те најдобри економии
  • Македонија од 2007/2008 година започна со сеопфатни реформи во градежништвото, со кои стана задолжително ангажирањето на приватни инженери лиценцирани од Инженерската комора, за да спроведат независни ревизии на градежните планови. Од тогаш, Македонија забележа значителни подобрувања во ефикасноста на градежната регулатива мерена од Дуинг Бизнис. Компромис беше зголемување на регулаторните трошоци.

Целиот извештај и датабазата се достапни на www.doingbusiness.org


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ: 2018/ECA/30

Контакт

Washington
Indira Chand
+1 (202) 458-0434
ichand@worldbank.org
Skopje
Anita Bozinovska
abozinovska@worldbank.org
Api
Api