СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Економиите на Европа и Централна Азија меѓу водечките во подобрување на бизнис климата, се вели во најновиот извештај Дуинг бизнис

25 Октомври 2016


Вашингтон, 25 октомври 2016 – Според извештајот на Групацијата Светска банка за олеснување на деловното работење, економиите на Европа и Централна Азија се наоѓаат помеѓу  највисоко рангираните во светот

Сите освен една од 25-те економии од регионот спровеле бизнис реформи во изминатата година, вкупно 57, открива Дуинг Бизнис 2017: Еднакви можности за сите, објавен денес.

Четири економии од регионот, Казахстан, Белорусија, Србија и Грузија се наоѓаат меѓу овогодинешните 10 најдобри земји, врз основа на преземените реформи. Втора година по ред, Казахстан со седум бизнис реформи предводи во бројот на имплементирани реформи. Во регионот следат Грузија и Белорусија со пет и четири реформи, соодветно. На пример, Грузија ја зајакнала заштитата на малцинските инвеститори преку зголемување на акционерските права и улогата во поголемите корпоративни одлуки и преку појаснување на сопственоста и контролните структури.

Најдобро рангирана економија во регионот е Македонија, глобално рангирана на 10-то место. Благодарение на изминатите реформи, сега на претприемач во Македонија му се потребни само два дена за започнување бизнис, што е значително помалку од регионалниот просек кој изнесува 10 дена.

Реформите имплементирани во економиите на Европа и Централна Азија и понатаму го подобруваат бизнис опкружувањето за претприемачите. На пример, плаќањето даноци во регионот сега вклучува во просек 18 плаќања, што е за половина помалку од плаќањата кои беа потребни пред пет години.

„Европа и Централна Азија континуирано е регион со највисок просечен број на реформи по економија и се приближува кон истите добри практики кои ги има во економиите со висок приход“, вели Рита Рамалхо, менаџер на проектот Дуинг бизнис.

Во изминатата година, економиите од регионот имплементирале најмногу реформи во следните области: плаќање даноци (вкупно 13 реформи), добивање приклучок на електрична мрежа (осум) и заштита на малцинските инвеститори (седум). На пример, Таџикистан ги воведе електронските фактури и дозволи патните такси да се плаќаат електронски. Како резултат на овие реформи, средните претпријатија прават по 12 плаќања годишно, споредено со 28 претходно. Понатаму, иако Турција ја зголеми стапката на трансакциски данокот за плаќање со чекови, плаќањето данок исто така беше олеснето преку воведување електронски фактури и електронско сметководство.  Сега, средните претпријатија може да подготват, поднесат и плаќаат даноци за 217 часови споредено со 226 часови од претходната година.

Севкупно, економиите од регионот работат добро во областа на заштита на малцинските инвеститори. Исто така, регионот има има добар напредок во регистрација на сопственост, каде се потребни во просек 21 ден за регистрација на пренос на сопственост, споредено со глобалниот просек од 51 ден. Регионот нема напредок во добивање приклучок на електрична мрежа. На пример, во Таџикистан се потребни многу процедури за поврзување на електричната мрежа и цената е преку 740 проценти од приходот по глава на жител. Исто така, во Косово претприемачите претрпеле 51 прекин на струјата во 2015 година.

За прв пат, годинешниот извештај вклучува родова димензија во три индикатори: започнување бизнис, регистрација на сопственост и спроведување договори. Регионот на Европа и Централна Азија е единствениот регион каде не постојат бариери за жените во областите кои се мерат со Извештајот. На пример, во секоја економија од регионот, жените може да започнат бизнис на ист начин како и мажите.

Исто така, извештајот вклучува дополнение на индикаторот Плаќање даноци, кој сега го покрива и процесот по поднесување, како што се даночните ревизии и поврат на ДДВ. Економиите на Европа и Централна Азија имаат добар учинок во овие обласи, но има исклучоци. На пример, во Босна и Херцеговина усогласениот период за поврат на ДДВ е висок, како и усогласеноста на даночната ревизија во Турција.

Целиот извештај и придружната база на податоци се достапни на www.doingbusiness.org

Контакт за медиуми
Во Вашингтон
Indira Chand
tel : +1 (202) 458-0434, +1 (703) 376-7491
ichand@worldbank.org
For Broadcast Requests:
Serene Jweied
tel : +1 (202) 473-8764
sjweied@worldbankgroup.org


СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2017/084/DEC

Api
Api

Welcome