Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Големи чекори во подобрување на бизнис климата во Европа и Централна Азија, се вели во последниот извештај за Дуинг бизнис

27 Октомври 2015


Вашингтон, 27 октомври 2015 година – Над 90 проценти од економиите во регионот на Европа и Централна Азија имплементирале реформи за подобрување на нивната бизнис клима во текот на изминатата година, открива годишното мерење за олеснување на водење бизнис на Групацијата Светска банка.

Објавен денес, Дуинг бизнис 2016: Мерење на регулаторниот квалитет и ефикасност  евидентира 58 реформи имплементирани во 23 од 25 економии во регионот.

Казахстан, глобално рангиран на 41-то место, имплементирал најмногу реформи, со седум подобрувања  во бизнис регулативите во изминатата година, следен од Русија (рангирана на 51 место) и Кипар (47), кои имплементирале по пет реформи.

Забележителни подобрувања во Казахстан се забележани во отстранување на бројни непотребни бирократски пречки во неколку области, вклучително и Започнување бизнис, Регистрација на сопственост и Спроведување договори. Русија е рангирана во 10-те најдобри за Регистрација на сопственост и има одличен резултати за сигурноста во снабдување со електрична енергија и транспарентност на тарифите за електрична енергија. Кипар, од друга страна, направи суштински напредок за решавање на неликвидноста.

Реформите спроведени во Европа и Централна Азија изнесуваат 25 проценти од 231 реформа спроведени низ целиот свет во текот на измината година. Регионот исто така може да се пофали со три од 10-те најдобри во светот, т.е. земји кои имплементираа барем три реформи и се придвижија нагоре во глобалното рангирање, и тоа се Кипар, Казахстан и Узбекистан.

“За пофалба е што скоро секоја економија од регионот на Европа и Централна Азија имплементирала барем една реформа во изминатата година за да го подобри бизнис опкружувањето“, вели Рита Рамалхо, менаџер на проектот Дуинг бизнис. “Политичката посветеност и напорната работа во имплементирање на овие реформи овозможи регионалните економии да се пробијат на скалата за најдобри изведувачи во повеќето индикатори мерени со извештајот“.

Годинешниот Дуинг бизнис извештај го комплетира двегодишниот обид за проширување на бенчмарковите со кои се мери квалитетот на регулативата, како и ефикасноста на регулаторната бизнис рамка, со цел подобро да ја опфати реалноста на теренот. Од пет индикатори кои имаа промени во овој извештај – Добивање градежни дозволи, Добивање електрична енергија, Спроведување договори, Регистрација на сопственост и Прекугранична трговија – економиите од Европа и Централна Азија имаат добри перформанси, што имаше позитивен ефект врз нивното глобално рангирање.

Глобално, регионот се истакнува во индикаторот за Регистрација на сопственост. Трошоците за Регистрација на сопственост се најниски на глобално ниво – во просек 2,6 проценти од вредноста на сопственоста. И, како и во економиите со висок приход од OECD, во регионот на Европа и Централна Азија се потребни 22 дена за регистрација на сопственост– глобално, најмалку потребно време.

Еден од најголемите предизвици за регионот е времето кое е потребно за поврзување со електрична мрежа. Во просек, потребни се 119 дена, споредено со, во просек, 78 дена во економиите од OECD. Но, регионот има добри перфоманси во квалитетот на снабдување со електрична енергија, со неколку прекини и нарушувања.

Регионот исто така нема добри перфоманси во индикаторот за Добивање градежни дозволи, со прекумерни процедури кои одземаат време. Во Таџикистан, на пример, има 27 процедури и 242 дена за завршување на сите барања за добивање градежна дозвола. Но, регионот има добар перфоманс во квалитетот на бенчмарковите за градба. На пример, конечната пост-градежна инспекција е со закон утврдена во сите економии од регионот на Европа и Централна Азија.

Македонија е највисоко рангирана економија од регионот, 12-та глобално рангирана од 189 економии во светот. Земјата се истакнува во неколку области на олеснување на работењето, и исто така, презема реформи во текот на изминатата година. На пример, Македонија продолжи во поедноставување на процесот за започнување бизнис преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација. Како резултат на тоа, земјата сега е втора најдобро рангирана глобално во областа на Започнување бизнис.

Литванија и Латвија се втора и трета од најдобро рангираните економии од регионот, глобално рангирани на 20 и 22 место.

Целиот извештај и придружни база на податоци се достапни на https://www.doingbusiness.org/

Контакт за медиуми
In Washington
Indira Chand
tel : +1 (202) 458-0434
+1 (703) 376-7491
ichand@worldbank.org
For TV/Broadcast
Mehreen Arshad Sheikh
tel : +1 (202) 458-7336
msheikh1@worldbankgroup.org

РЕСУРСИ

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2016/139/DEC

Api
Api

Welcome