Skip to Main Navigation
СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Југоисточна Европа: Економско закрепнување во некои, но не во сите земји, вели Светска банка

20 Јануари 2015


Објавување на најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа

Белград, 20 јануари 2015 година— Разурнувачките поплави во некои од земјите ја доведоа економијата од Југоисточна Европа (ЈИЕ6[1]) во 2014 година до застој, со раст од само 0,2 проценти, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ) објавен денес во Белград.

Image

 “Надворешната побарувачка за извоз во земјите во ЈИЕ6 претставуваше позитивна сила за економски раст во 2014 година, и покрај слабите перформанси во Еврозоната и разочарувачкото глобално закрепнување- вели Елен Голдстин, Директор на Светска банка за Југоисточна Европа-  Сепак, политичката несигурност и  одложените или намалени инвестиции ги влошија ефектите од разурнувачките поплави кои го погодија регионот во 2014 година.“

За жал“, додаде Голдстин, “раст од само 0,2 проценти е недоволен за подобрување на животните стандарди или за да влијае врз високата стапка на невработеност во регионот“.

Слабите регионални економски резултати откриваат забележливи разлики помеѓу земјите од ЈИЕ6, се вели во Извештајот. Се проценува дека Србија го намали растот во 2013 година за трет пат од глобалната криза, а Босна и Херцеговина стагнира. Стапките на економски раст во Косово и Црна Гора се оценети како умерени во 2014 година. Само Албанија и Македонија покажаа знаци на поодржливо закрепнување благодарение на зголемениот извоз.

Временските шокови – главен фактор за економските резултати

РЕИ ЈИЕ покажува дека временските шокови беа првично одговорни за слабите економски резултати во земјите на ЈИЕ6, што покажува дека економските резултати на земјите од ЈИЕ6 се крајно ранливи како резултат на временските прилики.

Поплавите во мај 2014 година се проценува дека ја чинеа Босна и Херцеговина околу 15.0 проценти од БДП, а Србија околу 4,7 проценти од БДП во загубено производство и штети. Оштетените енергетски објекти ги погодија бизнисите во Србија, а оштетените посеви го погодија земјоделското производство во Босна и Херцеговина. Скоро нема сегмент од економијата кој не беше погоден, во овие економии кои беа на удар на поплавите. 

Големото влијание од неодамнешните временски шокови во 2014 година покажуваат дека земјите од ЈИЕ6 не се добро подготвени за големи временски варијации.  

Структурните предизвици и натаму го задржуваат растот

Извештајот вели дека структурните предизвици и натаму го задржуваат потенцијалниот раст во земјите од ЈИЕ6. Галина А. Винчеленте, програмски лидер и еден од авторите на РЕИ ЈИЕ6 објаснува: “Функционирањето на пазарите на труд во регионот е анемично со континуирана висока стапка на невработеност, ниска стапка на учество на работната сила и бавно креирање на формални работни места. Иако мал напредок е направен во олеснување на оптоварувањата на инвестициската клима, сепак има простор за подобрувања. Јавниот сектор е голем и неефикасен во многу земји во регионот. Подобрена поврзаност во регионот преку физички и институционални линкови помеѓу земјите од ЈИЕ6, до Европската унија и останатите делови од светот, ќе им помогне на конкурентните компании од регионот да стигнат до нови пазари и на странските инвеститори да дојдат во регионот.“

Гледајќи нанапред

Според извештајот, во 2015 година земјите од регионот на ЈИЕ6 се очекува умерено да закрепнат, со вкупен проектиран раст од 1,3 проценти.

Растот во 2015 година најверојатно ќе биде задржуван од слабото заздравување на Босна и Херцеговина и Србија. Во останатиот дел од регионот се очекува раст над 3 проценти во 2015 година, со економски раст кој во Македонија ќе достигне 3,5 проценти.

Проспектите за раст зависат од надворешни фактори, вклучително и одржливо закрепнување на надворешната побарувачка, особено од Европа, и од стабилизирање на меѓународните цени на енергија на сегашните нивоа.

Економската активност во земјите на ЈИЕ6 е намалена заради слабата домашна побарувачка, бидејќи довербата на потрошувачите и бизнисите останува слаба заради континуираната политичка несигурност, хронично високата невработеност и банкарските системи оптоварени со многу нефункционални кредити. Затоа, извештајот истакнува дека економскиот раст на краток и среден рок во земјите на ЈИЕ6 може да биде поддржан преку сигурни и приоритетни економски политики.

РЕИ ЈИе се објавува два пати годишно од економскиот персонал во Одделот за намалување на сиромаштијата и економско управување при регионот за Европа и Централна Азија на Светска банка. За претходните извештаи и повеќе информации, посетете ја страната.

______________________________

[1] ЈИЕ6 се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.



Contacts:

In Belgrade:  Vesna Kostic, +381 11 3023723, vkostic@worldbank.org

In Sarajevo: Jasmina Hadžić, (+ 387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org

In Tirana: Ana Gjokutaj, (355-4) 80 655, agjokutaj@worldbank.org

In Pristina: Lundrim Aliu, +381-38-224-454 #107, laliu1@worldbank.org

In Podgorica:  Jasmina Hadžić, (+ 387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org

In Skopje: Anita Bozinovska, (+389) 2 3117 159, abozinovska@worldbank.org

In Washington:  Kristyn Schrader-King, +1-202-458-2736, kschrader@worldbank.org


Контакт за медиуми
Belgrade
Vesna Kostic
tel : +381 11 30 23 723
vkostic@worldbank.org
Washington
Kristyn Schrader-King
tel : +1-202-458-2736
kschrader@worldbank.org



СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ БРОЈ:
2015/ECA/051

Api
Api

Welcome