Вашингтон, 28 јануари, 2014 година – Бордот на директори на Светска банка денес го одобри Проектот за поддршка на развој на вештините и иновациите, вреден 24 милиони долари за Македонија. Проектот има за цел да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
“Подобрувње на перформансите на земјата во пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование“, објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.“Истовремено, регулаторното, институционалното и финансиско опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско научни и технолошки средства“.
Од проектот корист ќе имаат околу 24,000 студенти и 1,500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование , кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практичнa обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот. Студенти и персонал од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
“Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата“, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот. “Активностите на компаниите во Македонија кои се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет“.
Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.