Приштина, 18 јуни 2013 - По двојната рецесија во 2012 година, групата од шест земји на југоисточна Европа (ЈИЕ6) сега кревко закрепнува: комбинираниот проектиран раст на реалниот БДП е 1,7 проценти во 2013 година, по намалувањето од 0,6 проценти во 2012 година, се вели во новиот Редовен економски извештај за југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ). Двигатели на закрепнувањето се електричната енергија, земјоделството и некои извозни гранки, делумно заради подобрените временски услови.
Сепак, закрепнувањето на земјите од ЈИЕ6 е се уште несигурно. Во некои земји нефункционалните кредити, слабото кредитно закрепнување, продолженото раздолжување и фискалната консолидација вршат повлекување. Понатаму, закрепнувањето во земјите на ЈИЕ6 нема да забрза се додека еврозоната е во рецесија.
“Минатата година рецесијата во Евро зоната имаше негативно влијание врз надворешната побарувачка и странските директни инвестиции (СДИ) во југоисточна Европа“, вели Абебе Адуња, главен економист за регионот на Европа и централна Азија во Светска банка и ко-автор на РЕИ ЈИЕ извештајот, “и острата зима и летната суша го осакатија земјоделството и влијаеа на трговијата, енергијата и севкупната економска активност. Сега, резултатите започнуваат да се враќаат. Извозот закрепнува во Србија, најголемата економија во региоинот; временските прилики се подобрени; и во некои земји се забрзува динамиката во електричната енергија, туризмот и поврзаните сектори“.
Една од главните грижи во започнатото закрепнувње, според РЕИ ЈИЕ извештајот, е дека економиите на земијте од ЈИЕ6 се зафатени од висока невработеност. Просекот за регионот беше околу 22,8 проценти во четвртиот квартал од 2012 година. Невработеноста кај младите е особено застрашувачка. Невработеноста кај младите во Србија (51,2 проценти), во Македонија (53,0 проценти) и во другите земји е двојно поголема од националната стапка на невработеност. Земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги прифатат новите учесници во работната сила. Всушност, состојбата со работните места е полоша од тоа што бројките на невработеност покажуваат, бидејќи многумина заминуваат од регионот за да работат на друго место.
“Креирањето на повеќе и подобри работни места бара мултисекторски пристап кој ги надминува границите на на традиционалните мерки и регулативи поврзани со пазарот на труд“ вели Ивон Тсиката, Директор на секторот за намалување на сиромаштијата и економско управување за Европа и Централна Азија. “Заедно со сочувувањето на макро-економската стабилност и обновувањето на екномскиот раст, државите треба да спроведат реформи и политики преку кои ќе ја подобрат деловната околина за новите и за постоечките фирми да можат да растат и да создаваат работни места, но и да ја подржат подготвеноста на работниците да ги искористат новите можности“.
Според извештајот, иако глобалните економски и финаскиски состојби продолжија со подобрување, се очекува Евро зоната да биде во рецесија во 2013 година (со раст од -0,4 проценти). Глобалниот БДП е проектиран да порасне за 2,4 проценти во 2013, 3,1 во 2013 и 3,3 проценти во 2015 година.
Адуња додава “Бруто капиталните текови во земјите со низок и среден приход сега се 60 проценти повисоки од она што беа пред една година, што укажува на еден крај на повеќето сериозни ефекти на раздолжувањето на Евро зоната во тие земји, вклучувајќи ги и економиите на земјите од ЈИЕ6. Иако растот генерално ќе биде кревок, сепак ќе биде во пораст во сите шест земји“.
· Косово повторно се очекува да има највисок раст (3,1 проценти), благодарение на главните јавни инвестиции и значителниот влез на дознаки.
· Србија ќе има раст од проектираните 2 проценти, делумно заради опоравувањето од минатогодишната рецесија. Бидејќи Србија учествува со 45 проценти од регионалната економија, нејзиниот раст таму е од клучно значење за регионот. Се очекува Србија да има корист од зголемените СДИ, солидните перформанси на големата фабрика на ФИАТ и враќањето на земјоделското производство на нормално ниво, по намалувањето од 20 проценти во 2012 година. И бидејќи инвеститорите стануваат посигурни, врз основа на можното отварање на преговори за пристап во ЕУ во текот на годината, се очекуваат повеќе СДИ.
· Албанија се очекува да има раст од 1,6 проценти, како и минатата година, поддржано од стабилниот извоз.
· Скромен раст се очекува во Црна Гора (1,2 проценти), делумно бидејќи електричната енергија и земјоделството закрепнуваат, но најмногу заради зголемениот туризам.
· Економскиот раст во Македонија (1,4 проценти) за почеток се очекува да биде скромен, но постепено да забрзува во втората половина од годината со имплементирање на планот за јавни и странски директни инвестиции.
· Во Босна и Херцеговина (БиХ) растот се очекува да биде спор годинава – проекциите се само 0,5 проценти. За жал , бројни прашања поврзани со бизнис опкружувањето во БиХ ќе продолжат да го ограничуваат дотокот на СДИ, како и изгледите за експанзија на домашниот бизнис.
Жељко Богетиќ, главен економист на регионот за Европа и централна Азија при Светска банка и коавтор на РЕИ ЈИЕ извештајот сугерира дека структурните реформи се главни за поробустно закрепнување. “Напорите за фискална консолидација треба да продолжат и ќе бидат полесни сега, кога продуктивноста и даночните изгледи се подобруваат. Инвестициската клима треба значително да се подобри, особено во главните области ан слабост: градежни дозволи и лиценци, бариери во претприемништвото и вештините, и инфраструктурата. Соседите може да научат од Македонија, која продолжува да има најповолна инвестициска клима во регионот, мерено според индикаторите на Doing Business“.
РЕИ ЈИЕ извештајот се издава два пати во годината од економисти во регионот на Европа и централна Азија во Светска банка, одделот за намалување на сиромаштијата и економско управување (ЕЦА НСЕУ).
Контакти:
Во Белград: Весна Костиќ, +381 11 3023723, vkostic@worldbank.org
Во Тирана: Ана Ѓокутај, (355-4) 80 655, agjokutaj@worldbank.org
Во Приштина: Лундрим Алиу, +381-38-224-454 #107, laliu1@worldbank.org
Во Сараево: Јасмина Хаџиќ, (+ 387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Во Подгорица Јасмина Хаџиќ, (+ 387-33) 251-502, jhadzic@worldbank.org
Во Скопје: Денис Бошковски, (+389) 2 3117 159, dboskovski@worldbank.org