УДАРНА ТЕМА

Со побрз и позелен раст до заеднички просперитет: Продолжување на партнерството на Македонија и Групацијата Светска банка

24 Јуни 2014



Главни поенти
  • Македонија бележи 20 години ангажман со Светска банка.
  • Од 1994 година од страна на Групацијата Светска банка се обезбедени преку 1,7 милијарда долари за Република Македонија.
  • Партнерството сега се фокусира на поддршка за земјтата на нејзиниот пат кон интеграција во Европската унија и зголемување на зедничкиот просперитет за сите граѓани на Македонија.

Многу работи се променети во Македонија откако пристапи во ново партнерство со Светска банка во 1994 година – три години по независноста. Ова првично партнерство, започнато преку 80 милиони долари финансиска помош за стабилизирање на македонската економија, по инфлацијата од 230% во 1993 година, го постави патот за неопходното економско обновување и ги постави основите за стратегиско партнерство кое трае две децении и продолжува.

Споредено со периодот пред 15-20 години, гледам голема разлика. Тогаш бев дете. Македонија се соочи со многу превирања и многу промени, кои имаа влијание врз сите нас. Моите родители останаа без работа и започнаа да се занимаваат со земјоделство“, се сеќава 32-годишниот Славче Атанасовски, кој како и неговите родители, продолжил да се занимава со земјоделие по завршување на високото образование.

Денес, Македонија е посветена на патот кон Европска интеграција и Групацијата Светска банка се уште е силен партнер, кој работи заедно со земјата на патот за пристап кон Европската унија (ЕУ) – и кон создавање подобар животен стандард за сите македонски граѓани.

Се обидувам да направам некои инвестиции, но има и доста трошоци“, вели Атанасовски, “навистина се надевам дека доаѓа подобра иднина за Македонија“.


Image
Фото/Светска банка

" Споредено со периодот пред 15-20 години, гледам голема разлика... навистина се надевам дека доаѓа подобра иднина за Македонија. "

Славче Атанасовски, 32 години


Image


Фото/Светска банка

Финансирање преку проекти, како што е Проектот за зајакнување на земјоделството и пристапување, помага во обезбедување подобра иднина и осигура дека инвестициите направени денес ќе се исплатат утре. Преку овој прект се подобри испораката на владината помош за земјоделскиот сектор, во согласност со предпристапните барања за Европска унија. Тоа овозможи, меѓу другото, корисниците да ги користата грантовите можности од ИПАРД и придонесе за зголемување на кредитирањето во руралните области во земјата.

Земјоделството е само еден од секторите каде е придонесено за усогласеност со ЕУ aquis, додека земјата се движи кон просперитетна и сеопфатна иднина.

“Во изминатите дваесет години, Групацијата Светска банка беше верен партнер на Македонија. Банката обезбеди техничка помош и околу 1,7 милијарда долари финансиска помош, додека IFC (нашиот оддел за приватен сектор) обезбеди околу 300 милиони долари инвестиции во Македонија. Нашата поддршка беше непоколеблива и останува таква со цел просперитетна и кохезивна Македонија“, вели Елен Голдстин, директор за регионот на Југоисточна Европа.

Групацијата Светска банка обезбеди преку 1,7 милијарда долари за Македонија во изминатите две децении преку повеќе од 40 проекти, вклучувајќи инвестиции во земјоделството, енергијата, инфраструктурата, културното наследство итн.

Енергијата е еден од главните сектори кој Групацијата Светска банка ги поддржа во земјата.  Грант од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) со кофинансирање од општините учесници и од финансиските  посредници и приватни инвеститори, помогна во поддршка на инвестиции во енергетската ефикасност и обновлива енергија во периодот 2009-2013 година. Интервенции, како што се инсталации на термо-фасадна изолација и нови прозори во 41 училиште и градинки, сега носат заштеда во просек од 19,000 долари годишно за секоја зграда, истовремено обезбедувајќи потопла, поудобна внатрешност и подобар квалитет на воздухот за учениците кои учат таму. Овие подобрувања, исто така, значат намалување на повеќе од 3 милиони тони јаглерод диоксид во период од 20 години и намалување на 200,000 мега ват часови увоз на електрична енергија годишно за Македонија.

Првата голема соларна централа во Македонија, исто така е изградена преку инвестиција поддржана од ГЕФ, овозможувајќи искористување  големи и неискористени извори на енергија во земја која има повеќе од 200 сончеви денови годишно.

“Во изминатите четири години ја фокусиравме нашата соработка со македноската влада за поддршка на побрз,“позелен“ и посеопфатен раст, истовремено помагајќи на земјата да се подготви за пристап кон ЕУ“, вели Татјана Проскурикова, директор на Канцеларијата на Светска банка за Македонија, “ја поддржавме конкуретноста, вработувањето, социјалната заштита и еколоштки одржливиот раст, како главни области кои овозможуваат вработување за луѓето и го подобруваат животниот стандард за сите“.

Подобриот животен стандард за луѓето во с. Чанаклија значи дека нема веќе носење вода од друго место, откако новиот ситем за водоснабдување е инсталиран преку проект на Групацијата Светска банка. Проектот за подобрувања на општинската инфраструктура и услуги, во надлежност на општините и нивните комунални претпријатија, помага на повеќе општини да ги подобрат нивното снабдување со вода, канализација и управување со отпад.

Покрај енергетиката, инфраструктурата и проекти поврзани со животна средина, Групацијата Светска банка исто така го препознава значењето на културното наследство. Светска банка ги поддржа општините кои се домови на локации и имот од особена културна важност, како што се реставрацијата на куќата на Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес или Старата Скопска чаршија.

Сите овие промени, придружени со постојаните напори на земјата во промоција на реформи кои ќе произведат побрз економски раст и подобри и повеќе работни места на патот кон членство во ЕУ, преставуваат основа за продолжено партнерство помеѓу Групацијата Светска банка и Македонија – со заедничка цел во поддршка на земјата во подобрување на изгледите за подобра иднина за сите граѓаните во следните 20 години.



Api
Api

Welcome