Skip to Main Navigation
Настани
Image
Регионална стратегија за истражување и развој за иновации во западниот Балкан
октомври 24-26, 2013Загреб, Хрватска


Властите од регионот на западен Балкан ќе се сретнат на 24 и 25 октомври за да се развие регионална стратегија за истражување и развој за зголемување на иновациите, работните места и растот.

Во 2009 година, за време на министерската конференција во Сараево, Босна и Херцеговина, беше објавена Заедничка изјава со која регионот на западен Балкан изрази интерес за развој на заедничка стратегија за истражување и развој. Во септември 2011 година, Светска банка и Европска комисија потпишаа договор за поддршка на оваа Стратегија.  Техничката помош, која произлезе како резултат на овој договор, е финансирана преку Мулти-кориснички инструмент за претпристапна помош (ИПА). Стратегијата ги идентификува клучните приоритети и се очекува да служи како рамка за колективен обид за препорака на институционални и реформи во политиките, кои ќе ги промовираат најитните приоритети на регионот за зголемување на иновациите, растот и просперитетот. 

Со цел натамошно развивање на стратегијата, настан на високо ниво ги донесе заедно креаторите на политики во Загреб, Хрватска на 24 и 24 октомври, 2013 година за прифаќање на Регионална стратегијата на западен Балкан за истражувања и развој за иновации.

  • Со стагнација во создавањето работни места и застој во економскиот раст, регионот на западен Балкан се соочува со зголемена потреба за создавање на економии базирани на знаење кои можат да произведат работни места со поголема вредност и посилен раст. Со надеж за поттик на синергијата помеѓу сличните интервенции и како продолжение на растечката соработка, владите на седум економии од западен Балкан развија регионална стратегија за истражување и развој. На линија со процесите за европска интеграција на земјите и целите на Европската унија од стратегијата за раст “Европа 2020“, Сеопфатна цел беше да се зголеми влијанието од истражувањето и иновациите врз економскиот раст и можностите за вработување.
  • Фондот за совршено истражување ќе ги зајакне истражувачките способности во земјите од западен Балкан и ќе промовира совршеност преку закајнување на соработката помеѓу научниците од западен Балкан и регионалната научна дијаспора.
  • Програмата за трансфер на технологија ќе опфаќа три типа активности: (1)техничка помош за националните организации за трансфер на технологија, вклучувајќи помош за нивно создавање таму каде што е потребно; (2) соодветни грантови за истражувачко-индустриска соработка; и (3) советодавни услуги и кофинансирање за развој на научни и технолошки паркови.
  • Програмата за почетна фаза ќе обезбеува деловни развојни услуги заедно со селектирана група финансиски инструменти (подготвително и почетно финансирање ) за да се поттикне развојот во технолошко базираните компании во соработка со националните иницијативи и да служи како довод за западен Балкан, за други ЕДИФ инцицијативи, и регионални инвеститори заинересеирани за подоцнежно финансирање.
  • Целта на Уредот на западен Балкан за вежба на иновациската стратегија (ЗИСВ уред) е да промовира стабилност на политиките и продолжување на реформите во секторот за истражување и иновации во западен Балкан. Овој секторски-широк приод на крајот ќе помогне во подобрување на јавната потрошувачка за истражување и иновации и со тоа ќе го зголеми секторскиот придонес кон економскиот раст и креаирање работни места. economic growth and job creation.
  • Програмата ќе финансира одредени селектирани Заеднички програми на активности. Тие ќе содржат сет од интегрирани активности кои ќе опишуваат како партнерите ќе работат на подобрување на комплементарноста и ќе развијат заедничка специјализација, надградувајќи ги јаките страни, а намалувајќи ги нивните слабости.


МУЛТИМЕДИЈА
Welcome