Skip to Main Navigation

Северна Македонија Преглед

Контекст на земјата

ПЈР Македонија

2016
Население, во милиони2.1
БДП, тековно во милијарди долари10.1
БДП по глава, тековно во долари5,232
Број на ученици запишани во основните училишта (бруто) (2015)60.98
Очекувано траење на животот (2015)75.0
  

ПЈР Македонија е држава со средно-високо ниво на приходи која во изминатата деценија направи значителни реформи во економијата. Просечниот раст во изминатите пет години достигна 2,5%, што е повеќе од регионалниот просек кој изнесува 1,9%. Инвестициите и нето извозот беа главни двигатели на растот во периодот 2011-2014 година, но потрошувачката се зголеми во последните години, како земјата се враќаше на моделот на раст од предкризниот период.

Иако ПЈР Македонија забележа значителен прогрес во поглед на економскиот развој, потребни се понатамошни напори во повеќе сектори. Реалниот раст на БДП треба да забрза, на 4,5%, за животниот стандард на Р. Македонија да конвергира со оној на земјите членки на ЕУ, во следните 20 години.

Пристапот кон ЕУ останува главен двигател на владината реформска агенда. ПЈР Македонија доби ЕУ кандидадски статус во 2005 година, и од 2009 година, Европската Комисија дава препорака за отварање преговори. Но, одлуката и понатаму се одложува.

Економскиот раст не рефлектираше во значително намалување на сиромаштијата во ПЈР Македонија пред 2008 година, но во годините по 2009 година беше забележан одржлив пад на сиромаштијата, на сметка на резултатите од подобрениот пазар на труд и растечките плати.

Како мала, отворена економија, ПЈР Македонија идинот раст треба да го потпре на извозот и зголемување на конкуретноста, за да одговори на долгорочните предизвици за раст. Земјата се соочува со растечки фискални ризици и растечки јавен долг. Дококлу не им се обрне внимание, нивната динамика може да ја загрозат стабилноста и намалат проспектите за раст на среден рок.

Најново ажурирање: 24 Апр 2017

Image
PHOTO GALLERY
More Photos

ДЕТАЛНО

Дополнителни ресурси

Контакт од Канцеларијата на Светска банка во земјата

Скопје, Република Северна Македонија
Ул. Аминта Трети 34
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: +389 2 55 15 230, +389 2 3117 159