ПЈР Македонија напредува во областа на сајбер безбедноста. Во 2018 година, Владата ги зголеми своите напори во оваа сфера усвојувајќи ја Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 и подготвувајќи го Националниот акционен план. Исто така се формираше и коалиција составена од повеќе чинители и агенции во која влегоа и Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.
Земјата беше домаќин и на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржа во Скопје – прв самит од овој вид во земјата – со кој, меѓу другите теми, големо внимание се посвети и на прашањата на сајбер безбедноста. На самитот, меѓу другите, учествуваа и комесарката на ЕУ за дигитална економија, Марија Габриел и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
За во иднина, се подготвуваат планови за основање регионална академија за сајбер безбедност со седиште во Скопје. По примерите на ЕУ и САД, земјата ја прифати и идејата за прогласување на октомври за месец на сајбер безбедноста – исполнет со активности посветени на унапредувањето на сајбер отпорноста кај јавноста
Светската банка беше сигурен партнер во целиот овој процес. Клучен елемент во ова партнерство е „Глобалната програма за градење сајбер безбедност“, финансирана од корејското Министерство за стратегија и финансии (МСФ) преку Инструментот за партнерство Кореа – Групација Светска банка (ИПКС), со кој управува Светска банка. Со програмата се насочуваат искуствата и обуките во Македонија – една од шесте земји кориснички на оваа програма – и се овозможуваат две клучни стратешки партнерства: со Глобалниот центар за сајбер безбедност и развој (ГЦСБР), дел од корејската Агенција за интернет и безбедност (КИСА) и со Глобалниот центар за капацитети за сајбер безбедност (ГЦКСБ),на Универзитетот во Оксфорд.
Оваа програма почна во јануари 2018 година со преглед – проценка во рамките на Моделот на зрелост на нациите за сајбер безбедност. ПЈР Македонија е трета земја од регионот Западен Балкан која е корисник на овој преглед и деветта во Европа. Прегледот, спроведен од ГЦКСБ, и помогна да Владата да добие увид во широчината и во длабочината на нејзините капацитети за сајбер безбедност преку споредување во пет димензии: политики и стратегија за сајбер безбедност; култура и општество за сајбер безбедност; образование, обука и вештини за сајбер безбедност; законска и регулативна рамка и стандарди, организации и технологии. Извештајот може да се види тука.
Трите министерства, оние што ја формираа погоре споменатата коалиција за сајбер безбедност го водеа прегледот – прибирајќи ги чинителите и осигурувајќи дека препораките се користат при изработката на Националната стратегија за сајбер безбедност и на Националниот акционен план.
По проценката, ги поканивме нашите партнери од ГЦЦБР на КИСА да одржат дводневна обука посветена на практичните аспекти на сајбер безбедноста од аспектот на напредниот корејски јавен сектор. Делегација на корејски експерти на високо ниво одржа работилница во април 2018 година во Скопје на која присуствуваат над 60 претставници од јавниот сектот, од приватниот сектор и од академската заедница. Теми на оваа работилница беа безбедноста на е-владата, одговорот на инциденти, анализа на глобалните трендови на сајбер инцидентите, анализа на сајбер инцидентите во финансискиот сектор и многу повеќе.
Сега сме во фаза на поддршка на подготовката на нацртот на Националниот акционен план за сајбер безбедност преку конкретна консултантска поддршка од меѓународно признаени експерти. Паралелно на тоа, направено е видео за свесноста за сајбер безбедноста за да се запознае јавноста со важноста на сајбер „хигиената“.
Дополнителни материјали за читање:
Глобалниот центар за сајбер безбедност и развој, основан во 2015 година, има за цел да споделува знаења и да го поддржува градењето капацитети на полето на сајбер безбедноста.
Глобалниот центар за капацитети за сајбер безбедност е водечки меѓународен центар за истражување за градење капацитети за ефикасна и ефективна сајбер безбедност, промовирајќи зголемување на обемот, темпото, квалитетот и влијанието на иницијативите за градење капацитети за сајбер безбедност низ целиот свет.